Skip to content

Состојки

Валеријана

– ненадмината лековита билка

Дејство на валеријаната

Валеријаната има седативно и спазмолитично дејство (ги намалува стравот и напнатоста). Тоа предизвикува намалување на локомоторната активност и агресивното однесување. Се користи во случај на вознемиреност, главоболки, напнатост, мигрена, депресија и анксиозност. Исто така, има ефект на намалување на крвниот притисок.

Истражувања

Германската комисија ја одобри валеријаната за употреба при несоница, нервоза и вознемиреност. Повеќето истражувања покажуваат дека земањето на валеријана го скратува почетокот на спиењето и го подобрува субјективниот квалитет на сонот. Валеријаната не ја намалува несоницата толку брзо како синтетичките лекови. Често се комбинира со други лековити билки за смирување, како што се мелиса, нане, хмељ итн…. Валеријаната го подобрува квалитетот на спиењето кај пациенти кои скоро престанале да користат синтетички лекови.

Забелешка

Кај пациенти кои користат високи дози на седативи и/или хипнотици, со текот на времето, се развива толеранција на постојните дози и се добива субјективен впечаток дека на телото му се потребни сè поголеми и поголеми дози. На овој начин, се влегува во еден маѓепсан круг на зависност, при што на крајот пациентите не можат да заспијат ако не го зеле лекот. Не се препорачува да се земаат седативи и хипнотици секој ден туку само по потреба. Во случај на постоечка зависност, дозите на седативите треба постепено да се намалуваат.

Валеријаната може да ви помогне да се одвикнете од средства за смирување (седативи).

Маточина

– за расположение и мирен сон

Маточина или мелиса (лимонска трева) е лековито растение кое се користи со векови. Ценето низ цел свет заради своите смирувачки својства, ова растение е чест гостин во многу градини. Има корисен ефект врз нервниот систем, придонесува за долговечност и го подобрува расположението.  Покрај горенаведеното, оваа билка помага при несоница, напнатост и стрес. Маточината, исто така, го смирува желудникот и нарушувањата при варење на храната, вклучувајќи ги симптомите на мачнина и повраќање, слаб апетит, грчеви во стомакот и колитис.

Се користи како поткрепа при стресни ситуации, во депресивни состојби и при главоболки предизвикани од нервоза или повраќање на нервна основа.

Освен смирувачите својства, маточината е богата и со полифеноли кои имаат силна антивирусна активност, па затоа е многу ефикасна помош при херпес симплекс и херпес зостер. Маточината го отстранува слузот од белите дробови, го стимулира потењето за да се ослободат побрзо и поефикасно токсините при треска (зголемена телесна температура)  и помага при настинки, грип и вируси.

Мелисата не е одговорна само за смирување и подобрување на психата, туку исто така ги ублажува грчевите при менструација и ја намалува раздразливоста предизвикана од ПМС.

Нане

– ги смирува нервите

Нането е светски познато лековито растение кое има своја примена во прехранбената, фармацевтската и козметичката индустрија. Тоа е многу ефикасно во лекување на настинка, а помага и при нарушување на варењето на храната затоа што ги смирува желудникот и цревата. Нането има навистина корисен ефект врз нервниот систем, па затоа се препорачува за раздразливи и вознемирени лица, поради што помага и при главоболки и гадење.

Еден од најважните ефекти на нането е ослободување од стресот. Содржи поголеми количества на триптофан, кој пак го стимулира производството на серотонин – одговорен за расположението.

Нането е одличен извор на манган, бакар и витамин Ц. Покрај тоа, содржи антиоксидативни, спазмолитички (ги отстранува болните сензации предизвикани од грчеви во мазните мускули), антибактериски, антивирусни и антифунгални својства.

За нервоза, стрес и несоница, поефикасно е кога нането се меша со други билки како валеријана и маточина.