Зошто Persen / Persen Forte
Хербален препарат
Persen е хербален препарат. Содржи екстракти од лековити растенија кои се надополнуваат едни со други во нивното дејство. Тие ги елиминираат симптомите на стрес и спречуваат развој на хронични заболувања што се предизвикани од стрес.
Безбеден и ефикасен
Persen содржи концентрација на активни состојки од лековити растенија што се препорачува според стандардите на Европската фармакопеја. Ефикасноста е докажана по децениско корисничко искуство.
Не предизвикува зависност
Врз основа на децениското искуство, потврдено е дека употребата на Persen и Persen Forte не предизвикува психофизичка зависност.
Елиминира немир и раздразливост
Persen дејствува смирувачки на луѓето во состојба на психоемоционален стрес. Помага при лекување на нарушено спиење и несоница предизвикана од емоционална преоптовареност.
Долга традиција
Persen содржи растителни екстракти кои долго време традиционално се користат за ублажување на симптомите на стрес и за полесно заспивање. На нашите простори Persen се користи повеќе од 30 години.
Нема временско ограничување за употреба
Persen и Persen Forte можат да се користат од лица над 12 години без временско ограничување на третманот.
Стрес
Стресот е реакција на телото при секоја промена која бара приспособување или одговор. Телото реагира на овие промени со физички, ментални и емоционални реакции. Стресот е нормален дел од животот. Можете да доживеете стрес од вашата околина, од вашето тело и од вашите мисли. Дури и позитивните промени во животот, како што се унапредување, брак или раѓање на дете создаваат стрес.
Несоница
Под поимот несоница се подразбира скратен или полош квалитет на сон поради некој од следните фактори:
- Тешкотии при заспивање;
- Често будење во текот на ноќта и проблем при повторно заспивање;
- Прерано будење;
- Чувство на замор и по 8 часа сон.
Несоницата има негативен ефект врз концентрацијата и го отежнува извршувањето на секојдневните задачи, па дури и најлесните, особено ако трае со недели и месеци. Причините за несоница се многубројни, а најчести се настаните од секојдневниот живот, прекумерниот емоционален ангажман и напнатоста. Покрај тоа, причините можат да бидат од болни синдроми, ментални тешкотии, хронични заболувања и слично.
Несоницата може да биде и идиопатска. Кај овој вид несоница, причината е непозната, а процентот на пациенти кои страдаат од неа е најмал.
Ментално здравје
Менталното здравје претставува благосостојба во која личноста ги користи своите способности, може да се справи со секојдневниот стрес, да работи продуктивно и да придонесе за сопствената заедница.
Менталното здравје е составен дел од дефиницијата за здравје според Светската здравствена организација. Таа гласи: „Здравјето претставува целосна физичка, ментална и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест и изнемоштеност“.
Менталното здравје не значи само отсуство на ментално нарушување.
Овде можете да пронајдете информации за тоа како да го подобрите вашето ментално здравје.