Што е Persen Forte и за што се користи?
Home Persen Forte
Persen Forte е традиционален хербален лек од растително потекло. Содржи комбинација на сув воденоетанолен екстракт од корен на валеријана и сув екстракт од листови на мелиса и нане. Традиционално е познато дека коренот на валеријана и листот на мелиса имаат смирувачко дејство, а листовите на мелиса и нане имаат ублажувачко дејство врз слабите гастроинтестинални тегоби.
Persen Forte традиционално се употребува при умерени состојби на напнатост и немир, предизвикани од стрес и за олеснување на заспивањето.
Подрачјето на употреба се темели главнo на долгогодишното искуство.
- Пациентите со желудочноезофагусен рефлукс (ждригавица) треба да избегнуваат листови од нане бидејќи може состојбата да им се влоши (да им се зголеми ждригавицата).
- Посебна претпазливост е потребна кај пациенти кои страдаат од камен во жолчка или други нарушувања на жолчката и жолчните канали.
- Поради недостиг на податоци за безбедност и ефикасност на Persen Forte, не се препорачува негова употреба кај деца помали од 12 години.
- Persen Forte капсулите содржат лактоза монохидрат и течна глукоза. Ако Ви е кажано од Вашиот лекар дека не поднесувате некои шеќери, пред да го употребите овој хербален лек, контактирајте го лекарот.
Нема податоци за меѓусебното дејство на Persen Forte со други лекови. Не се изведени студии за меѓусебното дејство на Persen Forte со други лекови. Не се препорачува истовремена употреба со синтетички седативи (на пример, бензодиазепини) и таа е оправдана само под надзор на лекар.
Безбедната употреба на Persen Forte во тек на бременост и доење не е утврдена. Како мерка на претпазливост, не се препорачува да се употребува Persen Forte за време на бременост и доење.
Земањето на Persen Forte може да ја наруши способноста за возење и ракување со машини. Поради тоа, доколку сте земале од лекот, не се препорачува возење или ракување со машини.
Persen Forte тврдите капсули можат да се земаат со течност, независно од оброците. Не се препорачува истовремена употреба со алкохолни пијалaци.
Како да се употребува Persen Forte?
Возрасни и адолесценти над 12 години:
- При состојба на стрес, напнатост и раздразливост се препорачува да се земаат по две капсули два пати на ден.
- За полесно заспивање се препорачува да се зема една капсула половина час до еден час пред спиење.
Капсулите се голтаат со течност (чаша вода), независно од оброците.
- Дејството на Persen Forte се манифестира постепено.
- За да се постигне оптимален терапевтски ефект, потребно е капсулите непрекинато да се земаат најмалку 14 дена.
- Ако состојбата не се подобри или се влоши и по 14 дена од употребата на Persen Forte, потребно е да се консултирате со вашиот лекар.
- Времетраењето на лекувањето не е ограничено.
- По долготрајна употреба на Persen Forte во препорачаните дози не се јавува зависност, ниту апстиненцијални симптоми.
Ако сте зеле поголема доза Persen Forte отколку што треба, веднаш треба да се посоветувате со вашиот лекар или фармацевт.
Поеднинечна доза од приближно 20 g корен валеријана (еквивалентно на околу 41 Persen Forte капсули) може да предизвика симптоми како што се: замор, стомачни грчеви, стегање во градите, занесеност, тремор на рацете и мидријаза. Овие симптоми се повлекуваат во тек на 24 часа. Ако симптомите не исчезнат и по 24 часа, потребно е веднаш да се консултирате со вашиот лекар. Не се пријавени случаи на предозирање со лист на мелиса и лист на нане.
Бидејќи нема искуства за употребата на Persen Forte кај деца, не се препорачува да се дава кај деца помали од 12 години.