Коронавирус и ментално здравје - начини за справување со стресот

Стресот како физичка, ментална и емоционална реакција на промени што бараат приспособување, може да има негативни последици врз менталното здравје. Новиот коронавирус (SARS-CoV-2) или COVID-19 е вирус чија епидемија предизвика страв, несигурност и паника на глобално ниво. Земајќи ја предвид колективната реакција на вирусот, секој организам различно реагира на стресни ситуации. Затоа, сегашната колективна психолошка состојба, како одговор на коронавирусот, бара добри информации и соодветна апсорпција на знаењето и свеста, како и одговорно однесување на секоја индивидуа.

Мерките за превенција, кои се применуваат во борбата против коронавирусот, воедно претставуваат низа на стресни ситуации за повеќето луѓе. Стресорите кои влијаат на нашето ментално здравје се самоизолација, страв од инфекција, фрустрација од ограничување или губење на нормална рутина, намалени социјални и физички контакти, несоодветни информации, стигма, беспомошност.

Менталното здравје, според дефиницијата на Светската здравствена организација (СЗО) е благосостојба во која поединецот го реализира својот потенцијал и е во состојба да придонесе за својата околина додека во исто време може да се справи со нормалниот животен стрес и работи продуктивно. Реакциите на стрес, како одговор на заразна епидемија, може да се појават во форма на несоница, зголемена вознемиреност, напнатост или вознемиреност, однесување со ризик врз здравјето и може да предизвикаат психосоматски симптоми (општа болка, недостаток на енергија или физичка непријатност).

Во состојба на стрес кај секоја личност се јавува природен феномен за намалување на неговиот интензитет.

Природниот одговор на  стресни реакции се состои од дејства кои ги контролираат симптомите на напнатост и придонесуваат за позитивно ментално здравје. Успешното справување со стресот подразбира препознавање на проблемот што нè мачи, а кога ќе успееме во тоа свесно да избереме стратегија за справување, на пример, стратегија насочена кон проблемот, која би вклучила слушање и спроведување на советите и препораките на релевантни стручни лица. Ако нашиот извор на стрес е недостаток на дружење со наши блиски луѓе, организирајте дружење преку интернет или телефонски контакт. Насоченото справување со емоции може да вклучува активности како што се потиснување на емоциите, нагласување на позитивното, намалување на напнатоста, свртување кон религијата, помирување со судбината и барање емоционална поддршка од другите.

Многу луѓе кои не успеваат да се справат со последиците од стресот посегнуваат кон природни лекови кои можат да им помогнат. Еден од таквите препарати е Persen, кој дава смирувачки ефект при благи состојби на вознемиреност и напнатост и го олеснува заспивањето, па како таков претставува ефикасна алатка за справување со стресот.

 

Прим. д-р Медин Хоџиќ, специјализиран невропсихијатар

Recommended Posts