Несоница – природни решенија

Несоницата претставува нарушување на спиењето. Терминот несоница е индивидуално доживување на поединецот, чии причини може да бидат тесно поврзани со стресот, вознемиреноста, промените во нашето опкружување кои бараат наше приспособување или можат да бидат поврзани со одредени здравствени проблеми кои се рефлектираат преку недоволен и/или несоодветен сон.

Несоницата – привремена, минлива или хронична (постојана), во голема мера влијае на квалитетот на животот кај голем број луѓе. Подеднакво се засегнати и мажите и жените без оглед на возраста, иако постојат фактори кои ја дефинираат зголемената веројатност за развој на несоница кај луѓе постари од 60 години. Според податоците од литературата, 30 % од населението се жали на некаква форма на нарушено спиење, а како резултат на тоа 10 % од нив имаат тешкотии да функционираат на дневна основа.

Симптомите на несоница вклучуваат тешкотии при заспивање, недоволно спиење, сон прекинат со будење, замор и недостаток на енергија, исцрпеност.

Проценката на квалитетот и квантитетот на спиењето на секоја индивидуа е неопходна со цел јасно да се дефинираат причините за епизодите на несоница и притоа да се обезбеди ефикасно наоѓање на соодветна терапија.

При третманот на несоница, исто така, се препорачуваат одредени општи мерки кои можат да бидат корисни. Легнување во приближно исто време. Просторијата во која се спие треба да биде проветрена, со пријатна температура, темна, тивка и со удобен кревет. Наутро станување веднаш по будењето, туширање, вежбање, избегнување на „дремење“ во текот на денот, особено попладне. Вечерна прошетка, смирувачки активности, како на пример читање. Користење на техники за релаксација, вежби за дишење и релаксација, избегнување кофеински препарати и обилни „тешки“ вечерни оброци и алкохол. Избегнување на вечерни активности, како на пример: употреба на компјутери, игри, мобилни телефони, преписки на социјалните мрежи.

Доколку се бараат природни лекови кои можат да помогнат при несоница, на прво место е некој од препаратите на Persen. Капсулите Neopersen се хербален лек кој содржи сув екстракт од корен од валеријана и цвет од пасифлора, а се користи за ублажување на благи стресни состојби, придружени со психомоторна напнатост и вознемиреност, како и кај несоница, при што се зема една капсула пред спиење. При користење на овие капсули, дури и по долготрајна употреба, нема знаци на зависност од нив. Исто така, по прекинување на земањето, отсуствуваат знаците на апстиненцијален синдром.

 

Прим. д-р Медин Хоџиќ, специјалист невропсихијатар

Recommended Posts