Анксиозност и несоница кај пациенти со кардиоваскуларни заболувања

Во секојдневниот живот, сè почесто се среќаваме со термините акутен и хроничен стрес, ПТСН, депресија, несоница и нервоза со поголема или помала свесност за тоа колку сите овие термини и дијагнози можат да влијаат на човечкото тело. Психолошкиот стрес го предизвикуваат значајни животни како секојдневни непријатни настани. Кардиоваскуларните болести се водечки причини за морбидитет и морталитет во светот и во нашата земја. Покрај факторите на ризик за развој на кардиоваскуларни заболувања (пушењето, дебелината, физичката неактивност, консумација на алкохол), голема улога играат и психосоцијалните фактори.

Денес, би сакал да ја разгледам поврзаноста помеѓу анксиозноста, несоницата и кардиоваскуларните болести. Она што може да се забележи на дневна основа при работа со пациенти е дека при првиот преглед тие наведуваат дека кардиоваскуларните симптоми (висок крвен притисок, забрзано чукање на срцето итн.) се појавиле по акутна стресна ситуација, пократки или подолги периоди на несоница, кои биле повторно последица на акутен или хроничен стрес. Ако се земе предвид дека при третман на интернистичките заболувања, меѓу другото, потребно е прво да се обезбеди сон на пациентот и да се отстрани вознемиреноста, може да се заклучи колку се важни овие два параметри, дури и за луѓето кои во моментот немаат срцеви заболувања.

Ако претходно споменавме дека пациентите на првиот кардиолошки преглед наведуваат стресна случка или несоница како претходник на појава на кардиоваскуларен настан, важно е да се каже дека имаме значително подобрени објективни и субјективни резултати од терапијата на контролните прегледи. Кај пациентите кај кои успеавме да ја елиминираме вознемиреноста и да овозможиме нормален сон со терапија со лекови за специфични кардиоваскуларни болести, забележуваме подобрување на објективните параметри на основната болест (нормализирање на крвниот притисок, нормализирање на отчукувањата на срцето итн.) со субјективно чувство на пациентот дека „се чувствува многу подобро од претходно” или „сега се чувствува добро“. Оваа состојба без вознемиреност и нормализирање на спиењето кај пациентот му овозможува на кардиологот да продолжи да го лекува пациентот според објективните индикатори, во согласност со потребите на секој пациент и состојбата на неговата болест. Врската помеѓу регулацијата на спиењето и оптимизацијата на другите променливи фактори на ризик за кардиоваскуларни болести придонесува за зачувување на здравјето.

Важно е да се нагласи дека елиминирањето на анксиозноста и постигнувањето на квалитетен сон кај сите луѓе, не само кај оние кои страдаат од кардиоваскуларни заболувања, дава чувство на подобрен квалитет на живот. Ова, во секој случај, може да придонесе за намален ризик од кардиоваскуларни и други болести.

Дека нашите согледувања во секојдневната работа во клиниките за интерна медицина и кардиологија се точни, докажано е преку голем број студии кои се веќе завршени, но исто така и студии кои сè уште траат и се однесуваат на поврзаноста помеѓу кардиоваскуларните болести, стресот и несоницата.

Со цел да се постигне целокупната благосостојба на организмот, покрај кардиотерапијата, се користат и лекови направени на билна база. Еден од таквите препарати е Persen, кој дава смирувачки ефект при благи состојби на вознемиреност или напнатост и го олеснува заспивањето. Како таков препарат, тој е ефикаснa алатка за справување со стресот.

Само сеопфатен пристап во третманот може да придонесе за подобрување и зачувување на здравјето.

Истражувања за оние кои сакаат да дознаат повеќе:

 

Прим д-р Адмир Алагиќ, специјалист по интерна медицина

супспецијалист по кардиологија

Recommended Posts